Има ли причина за вербални кавги меѓу пратениците и треба ли редовна проверка на пензиските сметки? Утре во „Слободен печат“
Пратеникот на Левица, Борис Крмов во утринската емисија на „Слободен печат“, говори за немилиот настан во Собранието и вербалната кавга со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со него зборуваме и за настаните поврзани со одбележувањето на Денот на албанското знаме.
Дарко Саздов, член на Советот на експерти на МАПАС препорачува редовно проверување на пензиски сметки. Во интервјуто зборуваме и за финансиската писменост и транспарентност за кои вели дека се најважни во ова време на сајбер напади.
Дупната гума, скинат ланец… Поправка на лице место на вашиот велосипед со мобилна услуга брзо и експресно. Дали сте запознати со услугата Сервис за велосипеди во АМСМ? Како функционира, колку чини и кој може да ја користи, во потрага по одговори на овие прашања екипата на „Слободен печат“ беше во посета на сервисот.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.