Илон Маск наскоро во улога на водител на шоуто „Saturday Night Live“

epa-efe
epa-efe

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на 8 мај за прв пат ќе биде водител на популарното американско шоу „Saturday Night Live“. Мајли Сајрус ќе се појави како музички гостин, а ова ќе биде нејзино шесто гостување.

Веста беше објавена кратко време откако патничката капсула на Маск „Crew Dragon“ успешно слета на меѓународната вселенска станица. Ова воедно е и првпат приватна компанија во случајов „SpaceX“, во сопственост на Маск да испрати патничка капсула со екипаж во вселената – важен чекор за иднината на индустријата за комерцијално патување во вселената.

Илон Маск вчера на „Твитер“ лично го најави своето гостување на „SNL“. Појавувањето на Маск на SNL ќе се случи неколку дена откако неговиот син X Æ A-Xii ќе го прослави својот прв роденден на 4 мај.

Минатиот месец, Маск сподели семејна фотографија од Тексас каде што сака да создаде нов град што ќе се вика Старбејс. Тој сака да го преименува и преуреди постоечкото место Бока Чика каде „SpaceX“ развива и лансира прототипови на своето вселенско летало „Starship“.

„Создавање на градот Старбејс, Тексас“, Илон напиша на својот твитер-профил во март, потврдувајќи дека во декември се преселил во Тексас.

Многумина беа изненадени од изборот на раководството на „SNL“ што го поканиле Маск да биде водител на шоуто, бидејќи на „SNL“ во улоги на водители најчесто се комичари и актери, а не деловни магнати.

Претходни домаќини оваa сезона беа Ник Џонас, Маја Рудолф, Крис Рок, Иса Ре, Дејв Шапел, Џејсон Бејтмен, Тимоте Шаламет и Кристен Виг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот