Илјадници луѓе на протести против рестриктивните мерки во Виена

Полицијата во Виена вчера уапси 14 учесници во протестите против мерките за ограничување, со кои властите се обидуваат да ја спречат пандемијата на коронавирусот.

Околу 3 000 луѓе биле присутни на собирот. Полицијата соопшти дека употребила „бибер спреј” за да ги спречи луѓето кои биле против протестот, а кои се обиделе да ги пробијат оградите за да се судрат со демонстрантите.

Подрачјето на австрискиот главен град и други покраини во источниот дел на земјата се затворени овој месец поради зголемениот број на заразени лица со коронавирусот.

Австрија се подготвува за отворање на повеќе сектори од јавниот живот во мај, кога ќе го надмине еден од најлошите периоди од почетокот на пандемијата, меѓу другото и со помасовното вакцинирање на населението.

За да го забрза процесот на имунизација, австриската Влада најави купување на руската вакцина „Спутник В“, иако таа сѐ уште не е одобрена во ЕУ.

Австрија од почетокот на пандемијата има 571 616 заразени лица и 9 624 смртни случаи како последица на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот