Икарди со стил се прости од Интер

Мауро Икарди беше ѕвездата на последниот ден од преодниот рок преминувајќи од Интер во ПСЖ. Сепак, тој официјално останува фудбалер на италијанскиот тим, а оваа сезона ќе ја помине на позајмица во ПСЖ кој има можност дури идната година да го откупи договорот за сума од 70 милиони евра.

Откако и официјално стана член на францускиот шампион, Икарди на својот профил на Инстаграм му напиша порака на својот поранешен клуб:
„Фала за се и збогум“.
Потоа ја објави и статистиката од настапите во италијанскиот тим: 219 натпревари, 124 голови и 39 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот