Играчот на Манчестер сити Родри запиша неверојатен статистички податок во фудбалот

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Шпанскиот фудбалер Родри зад себе има неверојатно достигнување. Еден од главните адути на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, тој веќе една година не загубил натпревар за клуб или репрезентација.

Последниот пораз го имаше од Шкотска во квалификациите за Европското првенство на 28 март претходната година. Од тогаш до денес, Манчестер сити и Шпанија се непоразени во натпреварите во кои играл Родри.

Шпанија неодамна загуби од Колумбија во пријателски натпревар, но селекторот Луис де ла Фуенте го одмори Родриго за тој натпревар. На следниот натпревар запиша настап и со два гола беше најдобар играч во ремито со Бразил.

Родри во таа серија со Сити ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Единствениот пораз беше на натпреварот во Комјунити Шилд против Арсенал, но натпреварот заврши нерешено по 120 минути и официјално се смета за нерешено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот