Игра на судбината: Американец кој се сомневаше дека постои коронавирусот, почина од него 3 дена по заразувањето

ФОТО: Screenshot/ CNN

Роуз почина само неколку дена откако дозна дека е позитивен на коронавирус.

Ричард Роуз, 37-годишен Американец неодамна почина од коронавирус. Неговата смрт привлече големо внимание со оглед на тоа што во своите објави на Фејсбук изразуваше скептицизам во врска со коронавирусот.

Кон крајот на април на Фејсбук рече дека нема да купи маска.

Кон средината на мај напиша дека му е доста од вести за коронавирус, а неколку дена потоа објави исламофобно меме споредувајќи го хиџабот и заштитните маски.

Во текот на јуни на Фејсбук редовно објавуваше дека оди во барови и ресторани во Охајо.

Првиот ден од јули објави дека има симптоми на коронавирус и дека се тестирал, а час подоцна по оваа објава, рекол дека е позитивен.

Ден подоцна се жалел на симптомите и рекол дека губи здив и додека седи, а на 4 јули на страниците на локалното погребално претпријатие е објавена веста за неговата смрт.

Роуз почина само неколку дена откако дозна дека е позитивен на коронавирус.

„Ужасно е што го изгубивме Рик, но уште потрагично е што зарази и други. Сепај, Рик на социјалните мрежи сите го линчуваат заради неговаа одлука да не носи маска и тоа не е во ред. Би требало да бидеме посочувствителни без оглед на тоа дали се сложуваме со нечии уверувања или не. Некој почина и треба да сочувствуваме“, рече неговиот пријател Ник Конли за локалните медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот