Иднината на светот: Хотели во вселената, подземни згради, воздушни спортови… (ФОТО+ВИДЕО)

принтскрин

Компанијата „Самсунг“ од група футуристи и академици нарачала студија за иднината. Резултат е трудот кој покажува како најголемите умови на Велика Британија го гледаат животот во 2069 година во Лондон.

10 научни предвидувања за иднината

1. Автопати под површината на водата: Научниците замислуваат мрежа на своевидни цевководи во кои луѓето ќе седат во платформи и ќе патуваат со неверојатна брзина од Британија во останатите делови на Европа.

принтскрин/Youtube

2. Подземни облакодери: Таканаречени „земјодери“ или превртени облакодери“, згради кои ќе бидат изградени под површината на Земјата.

принтскрин

3 Домови кои сами ќе се чистат: Веќе никогаш човечката рака нема да мора со крпа да го избрише подот. Сето тоа ќе се прави со автоматизам и со роботи. Куќите ќе се исчистат сами кога ќе отидете на работа или кога ќе си легнете.

4. Хотели во вселената: Хотелите во вселената за туризам до 2069 година ќе бидат сосема нормална работа, велат научниците.

принтскрин

5. 3Д печатење на органи: Освен печатење на органи неопходни за преживување, луѓето ќе можат да си вградат своевидни подобрувња, на пример, да гледаат во темнината без посебни очила.

6. Фаст фуд што ќе се базира на инсекти.

7. Летачки автобуси и такси.

принтскрин

8. Импланти кои во реално време го следат нашето здравје.

9 Воздушни спортови во кои играчите се опремени со опрема за летање.

принтскрин/Youtube

10. Интерактивни филмови и искуства во кои ќе учествуваме и физички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот