Ибрахимовиќ ги избра идеалните 11, без Меси и Кристијано Роналдо!

Фото: facebook.com/ACMilan

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го избра својот тим од соништата, а воедно откри дека има желба еден ден да работи и како тренер.

– Избирам играчи по сила и влијание, фудбалери кои ми дадоа нешто – вели шведскиот фудбалер Ибрахимовиќ.

На голманската позиција е Џанлуиџи Буфон, а во делот на одбраната се Максвел, Алесандро Неста, Фабио Канаваро и Маикон.

– Играв со Буфон во Јувентус, тој е посебен тим за мене и имам неколку убави спомени од таму. Бев млад и сите се однесуваа кон мене како што сега се однесувам кон младите играчи во Милан. Тие ме научија многу. Максвел е мој пријател, Неста е одличен, а Фабио беше тотално луд, ме возеше со скутер околу Неапол. Повторувам, бев многу млад и би сакал да играм со нив сега – рече Ибрахимовиќ.

Распореди формација 4-3-1-2, па во средниот ред ги стави Павел Недвед, Патрик Виеира и Чави.

– Павел. Тој е број еден. Недвед кој секогаш се докажувал повеќе од другите. Кога видов што прави, сфатив дека не тренирам доволно. Тој секогаш работеше на себе, беше како „машина“. Покрај него, би ги избрал Виеира и Чави, двајца шампиони – додаде Ибра.

Најлесно му беше да избере напад, со Зинедин Зидан, бразилскиот „Ил Феномено“ Роналдо и Диего Марадона.

– Нападот е лесен за составување. Зидан во офанзивна врска, феноменот Роналдо и Диего напред. Тој е најголем на сите времиња, подобар дури и од мене. Јас би можел да бидам тренер на овој тим, кој знае, можеби еден ден навистина ќе станам тренер – се зборовите на Швеѓанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот