Иако ја освои АБА лигата, Црвена Звезда нема загарантиран пласман во Евролигата

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Генералниот директор на Евролигата, Паулијус Мотејунас даде големо интервју за порталот „Баскет њуз“, а се осврна и на Црвена звезда која неодамна ја освои АБА лигата, па во јавноста веќе се виде дека ќе биде учесник на елитата следната сезона.

Но, зборувајќи за составот на елитното натпреварување за следната сезона, Литванецот сподели лоши вести за српскиот кошаркарски клуб.

– Да се ​​биде шампион повеќе не значи да се учествува во натпреварувањето. Веќе не е ситуација – победуваш и влегуваш. Местото во домашните првенства веќе не е важно. Секој има шанса, разговараме со сите.

Моја задача е да ги претставам критериумите за оценување за да можат клубовите тоа да го видат и разберат – рече Мотејунас со образложение дека конечната одлука ќе ја донесат клубовите со постојани лиценци од Евролигата.

Тоа значи дека Црвена звезда, според новите правила на Евролигата, нема автоматско учество во најважното клупско натпреварување, туку ќе конкурира за четири „специјални покани“ заедно со Партизан, Валенсија, Виртус и Алба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот