И тоа се случува: Нејмар доби жолт картон поради дриблинг! (ВИДЕО)

фото: твитер

Бразилската ѕвезда на париските „светци“ не доби одговор од главниот судија зошто беше опоменат на мечот против тимот на Монпеље.

ПСЖ изминатиот викенд пред своите верни навивачи во најсилното француско фудбалско првенство убедливо славеше против Монпеље со резултат 5:0 во рамките од 22. коло.

Парискиот клуб ја оправда фаворитската улога и така ја продолжи доминацијата оваа сезона, но овој натпревар го одбележа главниот судија Брисар кој во 38. минута му даде жолт картон на Нејмар, а причината е многу интересна.

На бразилскиот играч не му беше јасно зошто беше опоменат, се обиде тоа да го дознае од главниот судијата, но не доби одговор.

Француските медиуми во утринските часови објавија дека главниот судија во извештајот наведе зошто му даде жолт картон на Нејмар.

Тој напиша дека тоа го направи поради дриблинг, од фактот што Бразилецот немаше почит спрема противникот, односно се обиде да ја префрли топката над дефанзивецот.

Ова ја шокираше француската јавност и многумина коментираат дека судијата нема право да додели некому картон поради дриблинг кој фудбалот го прави таков каков што е.

Нејмар крајно лут поради одлуката, не можеше да се помири. На патот кон соблекувалните врескаше на португалски јазик до судиите: „Јас само играм фудбал, а тој ми дава жолт картон?“.

Еден од судиите му одговори „Зборувај француски. Зборувај француски!“ А Нејмар: „Француски, како да не!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот