И шефот на кабинетот на Болсонаро позитивен на Ковид-19

 Шефот на кабинетот на бразилскиот претседател Жаир Болсонар, генералот Валтер Брага Нето, е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска неговата канцеларија.

Тој е седми од 23 бразилски министри, кој е позитивен на коронавирусот од почетокот на пандемијата, јави Си-Ен-Ен.

Според соопштението од неговата канцеларија, министерот е добро, асимптоматски е и од денеска ќе работи од дома.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро на почетокто на јули беше позитивен на тест за ковид-19, но откако на 25 јули неговиот тест беше негативен, тој излезе од изолација и се врати на своите активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот