И Летонките пресилни за македонските кошаркарки

fiba.basketball

Нов висок пораз на најдобрата женска македонска репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако денеска на домашен терен со 37:96 (4:25, 7:21, 19:27, 9:25) загуби од Летонија.

Откако на стартот со 105:40 загубивме во Нордлинген од Германија, бевме и денеска целосно надиграни. Во три четвртини не успеавме да постигнеме 10 или повеќе поени, само во една ја надминавме таа граница каде што водевме рамноравна борба (19:27).

За сениорките следи официјална пауза од една година, наредниот трет натпревар од квалификациите нашите најдобри кошаркарки ќе го имаат на 12 ноември 2020 година, па три дена подоцна ќе ја пречекаат Германија.

Стрелци за Македонија на денешниот дуел против Летонија: Селцова (11), Кметовска (8), Трајчевска (5), Секуловска (5), Лазареска Со. (6), Стојановска (2), Петрушевска (2).

На табелата после две кола во квалификациската група „И“ води Хрватска со четири бодови, пред Германија и Летонија по три, последна е Македонија со два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот