И годинава Владата ќе ги поддржи печатените медиуми: Издвоени 50 милиони денари

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата на последната седница на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, го донесе новиот текст на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

Како што информира владината прес-служба, средствата за реализација на оваа програма, утврдени со Буџетот за 2019 година се во износ од 50.000.000 денари.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе објави Јавен повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за пријавување на интерес за средствата од оваа програма во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот