И Ерменија со амбиции за влез во ЕУ, Пашинјан повика на национални дебати за пристапување во Унијата

Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска ги повика своите сонародници да иницираат дебати за можното пристапување на поранешната советска република во Европската унија, пренесоа француските медиуми.

Упадот на руските сили во Украина му даде нов поттик на проширувањето на ЕУ, кое ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија и ѝ додели кандидатски статус на Грузија.

Ерменија презема чекори кон зближување со Западот, обвинувајќи го својот традиционален сојузник Русија дека го напуштила во конфликтот со Азербејџан.

„Темата за пристапување во ЕУ треба да стане широко дискутирано прашање во општеството“, рече ерменскиот премиер.

Европскиот парламент оваа недела усвои резолуција со која се повикува на зајакнување на односите меѓу ЕУ и Ерменија.

-Ова е нова можност да разговараме за нашата визија за иднината на Ерменија, рече Пашинјан на владиниот состанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот