ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Фудбалерите на Волфсбург помагаат во супермаркет (ВИДЕО)

Поради пандемијата на коронавирусот, фудбалот во Европа е суспендиран, но играчите од Бундеслигата одлучија да и помогнат на заедницата со редовни активности за време на кризата.

Фудбалерите на Волфсбург позитивно одговорија на аквијата „Да им се заблагодариме на секјдневните херои“ и тие работеа во супермаркет до седум часот наутро помагајќи им на вработените во местењето на продуктите на рафтовите.


Едни од најизложените лица за време на пандемијата на коронавирусот се вработените во маркетите, и поради тоа шест фудбалери на Волфсбург одлучија да им помогнат.

Ова е важна иницијатива за нас и на овој начин сакаме да бидеме пример на останатите. Поминуваме низ тежок период и најважно е во ваквите моменти да се држиме сите заедно. Сакаме да покажеме дека сме дел од заедницата и дека можеме да помогнеме во секојдневниот живот на луѓето – изјавија фудбалерите на Волфсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот