Хуман потег на Рома, ќе помага во пронаоѓање на исчезнати деца – Слободен печат
СпортФудбал

Хуман потег на Рома, ќе помага во пронаоѓање на исчезнати деца

Италијанскиот прволигаш летово влезе во кампања за зголемување на свеста за исчезнатите деца во САД и Италија.

Екипата на Рома направи потег за поздравување, одлучи да се вклучи во зголемувањето на свеста за исчезнатите деца.

„Римската волчица“ на секоја потврда за реализиран трансфер на социјалните мрежи ќе постира фотографии и од новите засилувања но и од исчезнати деца.

Рома одлучи да соработува со Националниот центар за исчезнати деца како во САД така и во Италија.
Рома на својот профил на Твитер има 1.78 милиони следбеници, додека на англиската верзија има околу 450.000 следбеници.

Рома го искористи потпишувањето со поранешниот фудбалер на Јувентус, Леонардо Спинацола за да ја започне кампањата.
– Сакаме да ги искористиме социјалните мрежи за да ја зголемиме свеста за исчезнатите деца. Веднаш добивме позитивни реакции, но и ни се зголеми бројот на следбеници на социјалните мрежи со што нашите апели ќе допрат до многу повеќе луѓе – изјави Пол Роџерс, предводникот на кампањата на Рома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close