ХУМАН ГЕСТ: Кевин Лав донираше 100.000 долари за арената во која игра Кливленд

твитер

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, денеска и официјално ги суспендира натпреварите во следните 30 дена, а кошаркарот на Кливленд кавалирс, Кевин Лав, во овие тешки моменти го покажа своето големо срце.

Лав преку својата фондација донира 100.000 долари на „Рокет Мортгејџ Филдхаус“ Арената и персоналот. Натпреварите во Арената ги игра токму Кливленд, а Кевин Лав одлучи да ги намали губитоците поради прекинот на НБА лигата.

– Секој поинаку реагира во стресните моменти, а оваа пандемија предизвикува страв. Загрижен сум за стравот кој сите го чувствуваат. Со ова сакам да ги охрабрам сите да направат се што е во нивна можјност за да им помогнат на другите – напиша Лав на својот профил на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот