Хрватските навивачи се’ уште се во грчките затвори, Пленковиќ очекува „добри вести“ и ослободување

Андреј Пленковиќ / Фото EPA-EFE/GEERT VANDEN WIJNGAERT

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека „очекува позитивен“ исход во случајот со навивачите на Динамо од Загреб, кои беа уапсени во Атина во август по тепачка и убиство на грчки навивач и ги замоли нивните семејства за трпение.

Во Грција со недели нема нови вести за тој случај.

Пленковиќ рече дека државата е максимално ангажирана и дека министрите за правда и надворешни работи на Хрватска и Грција постојано комуницираат за таа тема, како и двајцата премиери.

Навивачите на Динамо масовно беа во Атина иако им забрани Европската фудбалска унија (УЕФА). Во тепачка во пресрет на натпреварот меѓу Динамо и АЕК, грчки навивач беше убиен со нож, а 102 навивачи од Хрватска беа фатени и испратени во грчките затвори.

Медиумите пренесоа дека ДНК анализата на ножевите покажала дека на нив нема траги од уапсените хрватски навивачи.

Пленковиќ на почетокот на месецот најави „добри вести“ за навивачите кои ќе бидат „наскоро објавени“, но не откри повеќе детали, пренесе Хина.

Претставници на семејствата на приведените навивачи се обратија до медиумите во Загреб, прашувајќи го Пленковиќ што конкретно мисли кога во два наврати зборуваше за „добри вести“.

Неколку часа подоцна, Пленковиќ на седницата на Владата рече дека „многу ја разбира грижата на родителите за нивните деца“ и дека „наскоро ќе значи наскоро“.

„Тоа значи дека се во тек одредени активности на грчка страна кои, според мое длабоко убедување, со оглед на содржината на нашите разговори, ќе резултираат со позитивен исход за хрватските граѓани“, рече Пленковиќ и побара трпение од родителите и сите други кои се грижат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот