Полицијата го привела таткото, а според судијата Валерио Натале, ќе остане во затвор зашто би можел да го повтори делото над другите деца. Неделава треба да почен обдукцијата на бебето, за да се потврдат претпоставките дека таткото го злоставувал и физички го малтретирал бебето и претходно.

Бебето имало траги од врзување, а било утврдено дека мајката му ставала газа на табаните, зашто таткото без никаква причина му ги горел со запалка.

Таткото консумирал хашиш.

,,Вистина е дека го претепав до смрт. Но верувајте не сакав да го убијам. Испушив хашиш , а бидејќи и потоа не можев да заспијам, станав и го удрив. Кога видов дека не дише, не помислив дека сум го убил” , изјави таткото со иницијали А.Х. пред државните обвинители во Милано.

Освен ова бебе, тој и неговата сопруга, исто така од Хрватска, имаат уште две девојчиња на тригодишна возраст и едно девојче од една година.

Во Хрватска живее нивниот најстар син. Децата ги презема Центарот за социјални работи.