Хоти по оставката на Тачи: Уставот на Косово гарантира јасна транзиција на одговорностите без институционален вакуум

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Косовскиот премиер Авдулах Хоти се огласи по оставката на претседателот на државата, Хашим Тачи и порача дека „Уставот и законите гарантираат јасна транзиција во спроведување на одговорностите без да се предизвика институционален вакуум“.

Хоти на својот Фејсбук налог напиша дека, по новонастанатата ситуација во државата, очекува од сите „да продолжат да демонстрираат висока политичка култура”.

– Во оваа фаза, Владата на Косово посветено ќе ги извршува уставните обврски и одговорности и ќе соработува со сите домашни и меѓународни фактори, напиша Хоти.

Косовскиот претседател Тачи поднесе оставка од функцијата, откако денеска беше потврдено обвиненето од Меѓународниот суд во Хаг поради сомневања за злосторства врз цивили од албанска и српска националност во војната во 1998-99 година. Тачи е еден од основачите и некогашен политички директор на Ослободителната војска на Косово.

Се очекува трансферот на Јакуп Красниќи во Хаг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот