Хороскопски знаци со највисок коефициент на интелигенција

Фото: Pexels/Anastasia Shuraeva

Астролозите тврдат дека припадниците на одредени хороскопски знаци имаат поголем коефициент на интелигенција и дека се поснаодливи во однос на другите.

За кои знаци станува збор? Прочитајте во продолжение.

Близнаци

Близнаците од мали нозе сакаат да истражуваат и да ги прашуваат другите за сѐ. Тие се многу љубопитни по природа, па ги интересираат многу работи од различни области, иако најчесто се наклонети кон уметноста. Тие се многу интелигентни, па оттука потекнува и нивната духовитост.

Секогаш се опкружени со луѓе со кои можат да водат конструктивни разговори, а бараат и интелигентен партнер со кој ќе можат да разговараат за сѐ, бидејќи „празните“ приказни не ги интересираат.

Фото: Pexels/Andrea Piacquadio

Скорпија

Ниту еден хороскопски знак не е толку интуитивен како Скорпијата. Речиси и нема ништо што нивниот продорен поглед и засиленото шесто сетило не можат да го откријат.

Тие секогаш се стремат да ја почувствуваат длабочината во сè, да погледнат под површината и да го видат вистинското значење. Не се обидувајте се ги манипулирате бидејќи тие се оние кои манипулираат подобро од вас.

Фото: Pexels/MART PRODUCTION

Стрелец

Стрелците секогаш имаат потреба да дознаваат нови нешта и ги интересира сѐ. Тие се многу екстровертни и одлично се снаоѓаат во сите окружувања. Не им е проблем да им ги освојат симпатиите на сите кога ќе се најдат во ново друштво, а имаат и одлична способност да ги проценат другите.

Меѓу Стрелците има многу научници, а математиката и природните науки им се силна страна. Тие сакаат да инвестираат во себе и во своето образование во текот на целиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот