Хороскоп за 19 ноември 2019 вторник, Близнаците ќе добијат критики, Стрелците ќе имаат брачни проблеми

дневен хороскоп
Фото: Profimedia

Овен

Можни се поголеми нестабилности на деловен план. Ќе дојдат промени кои не ги посакувате. Во љубовта вашата љубомора станува се повеќе нагласена, тоа ќе ве доведе до конфликти.

Бик

Немојте да им се препуштите на ризиците на полето за работа денес. Потрудете се одговорно да им се посветите на обврските. Во љубовта можете да се надевате на интересна средба со лицето со кое имате доста заеднички особини.

Близнаци

Нема да добиете такви коментари какви што очекувавте. Можни се некои критики. Партнерот делува нервозно во комуникацијата со вас, а таквиот тон не ви одговара. Позборувајте со него.

Рак

Доколку планирате патување во странство, важно е да се погрижите да не направите некој пропуст. Вашата емотивна ситуација е загрижувачка и за вашето опкружување и за вас лично. Погрижете се малку повеќе за себе.

Лав

Немојте да очекувате премногу од денешниот ден. Веројатно постои личност која нешто ви ветила но не се потпирајте премногу на тоа. Слободните имаат нагласени шанси денес.

Девица

Нема да ги покажете сите свои квалитети денес бидејќи нешто ве кочи. Бидете упорни и подгответе се за наредниот пат. Во љубовта во моментот владее затишје во контактот со лицето кое ви е допаѓа.

Вага

Можно е денес да бидете зафатени и да имате многу малку слободно време за себе. Во љубовта ви се враќа чувството на меланхолија и страдање за поранешниот партнер.

Шкорпија

Мора да и се посветите максимално на работата доколку сакате да ги остварите зацртаните цели. Во љубовта оладени сте и не се чувствувате исто како порано покрај саканото лице. Некои парови пак, ќе бидат исклучително среќни.

Стрелец

Денот не е сјаен за вашето поле за финансии, па немојте да очекувате преголеми промени. Во љубовта можно е да ви се приближат некои брачни проблеми, исконтролирајте ги реакциите.

Јарец

Денот не е поволен за работа. Ако можете немојте да се занимавате со претерано важни работи денес. Ќе и бидете посветени на саканата личност, но ќе ви се чини дека таа не го цени тоа доволно.

Водолија

Позитивниот став кој природно го носите во себе повторно ќе се покаже како исправен. Ќе имате впечаток дека саканото лице од вас сокрило детали од некое случување, па проверете зошто е тоа така.

Риби

Периодот пред вас е поволен за работа. Ако бидете упорни и доследни, ќе успеете да решите се. Во љубовта едни ќе стават крај на врската, други ќе ја продлабочат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот