Хорор во Крушевац: Млад човек истури бензин врз познаник и го запалил

Пожар /Фото: Илустрација

Поради сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство, припадници на полициската управа во Крушевац го уапсиле Милош М. (23) од околината на овој град. Инцидентот се случил во подножјето на планината Јастребац кога Милош М. истурил бензин врз Горан М. (50) инаку невенчаниот сопруг на неговата баба, го запалил, а потоа побегнал.

Милош претходно вербално, а потоа физички ја нападнал неговата баба Билјана Б. (62), а потоа и нејзиниот невенчан сопруг кој се обидел да и помогне и да ја заштити.

Во оваа прилика, Горан М. се здоби со сериозни изгореници опасни по живот и тој беше итно пренесен во Општата болница во Крушевац, каде е згрижен на Одделот за хирургија, додека Билјана Б. се здоби со полесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот