Хорор во Италија: Убиен фудбалски судија

EPA-EFE/MATTEO BAZZ

Даниеле Де Сантис и неговата девојка се пронајдени мртви во стан во Лече.

На безживотните тела на Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) се пронадени убодни рани, а соседите сведочат како непозната личност со нож во раката бега од станот, пренесуваат италијанските медиуми.

Мотивот за убиството засега е непознат, а медиумите од извори во полицијата, се сомневаат дека станува збор за злосторство од страст.

Де Сантис судеше на натпреварите во втората и третата италијанска лига, Серија Б и Серија Ц. Тој досега ја делеше правдата на повеќе од 300 натпревари, а во Серија Б дебитираше 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот