Хорор во Босна: Брат до смрт го бодел помалиот брат

Фото: МИА

Маж К.С. (32) вчера до смрт го избодел помладиот брат К.Е. (24) во сараевската населба Буќа Поток.
Сараевските медиуми јавуваат дека К.С. уапсен вчера во 12:30 часот, јавува Српски инфо.

Како што соопшти МУП Сараевскиот кантон, К.С. е осомничен дека истиот ден на 9 јуни на улицата „Сафета Исовиќ“ со нож го убил К.Е. За овој случај бил информиран дежурниот обвинител на Обвинителството на кантонот Сараево, кој е задолжен за истрагата.

Уапсениот е предаден на полицијата и сега е во притвор, соопшти МУП на кантонот Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот