ХОРОР НА ГРОБИШТА ВО ИРСКА: Со кола влетал во група ожалостени и избегал (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

ХОРОР НА ГРОБИШТА ВО ИРСКА: Со кола влетал во група ожалостени и избегал (ВИДЕО)

Полицијата уапсила момче на возраст од околу дваесет години.

Неколку лица се повредени од кои една потешко откако автомобил се забил во група луѓе на гробишта во ирскиот град Дандалк.

Инцидентот се случил околу 16 часот по локално време во текот на годишниот благослов на гробишта. Полицијата уапсила момче на возраст од околу дваесет години.

„Бев на подиум и при крајот на службата слушнав вриштење и викање. Погледнав налево и видов луѓето како трчаат, вриштат и викаат“, изјави свештеникот Марк О Хаган за Ајриш тајмс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close