Холивудскиот филм „Пајни: Oсамената елка“ на кој работеше македонското студио „В Хаус анимејшн“ со премиера во Лос Анџелес  

Комплетната анимација, продукција и пост-продукција на ова остварување беше работена девет месеци од тим од 60 артисти/цртачи и аниматори.

Гласовите на ликовите им припаѓаат на реномираните актери: Џонатан Прајс (познат по улогите во „Игра на тронови“, „Сопругата“, „Пиратите од Карибите“), Сајмон Пег (улоги во серијалот филмови „Невозможна мисија“, „Ѕвездени патеки“, анимираниот „Ајс Ејџ“) и Џејсон Ентони („Дневниците на Нарнија“, „Филмот за лего“, „Хари Потер“)

Приказната во „Пајни: осамената елка“ го следи необичното пријателство на 9-годишната Џорџи и нејзината омилена елка Пајни за која девојчето се грижи со години. Кога Пајни по грешка ќе биде ставен во следната празнична пратка, Џорџи и нејзиниот дедо, ги поминуваат сите места со новогодишни елки, во обид да го најдат Пајни пред празниците да завршат. Следејќи го Пајни низ неговото невообичаено патување, неговите надежи, сонови и разочарувања, приказната го поставува прашањето: „што доколку новогодишната елка не стигне во својот дом за празниците?“

„Пајни: осамената елка“ е со времетраење од 25 минути и влегува во категоријата кратки анимирани филмови. Ова е голем успех за македонската компанија, која постои 10 години и која веќе има солидно портфолио од сферата на анимираниот филм.

Премиерата на филмот на црвениот тепих во Холивуд, е потврда за квалитетот кој македонската компанија ја става на рамниште со светските анимациски студија од целиот свет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот