Холандскиот пратеник за Украина рече дека Украинците се Руси, па беше принуден да поднесе оставка

Ван Дартел во 2013 година, кога беше холандски амбасадор во Русија, со Сергеј Лавров и Владимир Путин / Фото: .rtlnieuws.nl

Холандскиот дипломат Рон ван Дартел, кој пред само три недели беше именуван за специјален претставник кој ќе го промовира холандското учество во обновата на Украина, поднесе оставка откако пред неколку дена изјавил дека „Украинците се Руси“.

Ван Дартел, кој е поранешен холандски амбасадор во Србија, Полска и Русија, поднесе оставка поради коментарите што му ги кажал на авторот на една нова книга, уште пред да биде назначен на новата функција, пренесува „РТЛ“.

– Украинците исто така се Руси. Тоа не смееме да го заборавиме. Тоа е реалноста, рекол холандскиот дипломат.

Министерство за надворешни работи соопшти дека ја прифатило неговата оставка.

Холандското МНР соопшти дека изјавата на дипломатот била дадена пред неговото назначување месецов, но била објавена дури откако тој ја презел функцијата.

Ван Дартел „сфати дека повеќе не може да функционира веродостојно со дадените изјави и затоа реши веднаш да поднесе оставка“, соопшти холандското МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот