Хоџа: Партиите треба да бидат претпазливи, особено за економските закони

Неби Хоџа / Фото: МИА

Партиите треба да бидат претпазливи особено за економските закони, бидејќи бизнисот чека помош како неопходна потреба за државата и нејзината економија, вели во изјава за „Слободен печат“, Неби Хоџа – претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), коментирајќи ги најновите политички случувања во земјата, како и блокирањето на работата на Собранието од страна на пратениците со амандмани.

– Партиите мора да размислат за реалната состојба што ја зафати земјата, каде што економијата е оштетена на значително ниво, додека во последните денови гледаме зголемување на бројот на нови заразени од ковид-19, поради што беше воведен полициски час. Ние сме во многу кревок период од аспект на економијата и бизнисот, приложувајќи го тука и пописот кој е во тек – вели Хоџа.

Според него, политичките интервенции и случувања не треба да бидат до степен колатералната штета да е толку голема и целата економија да е лишена од државна помош.

-И пописот не треба да биде изложен на ризик, бидејќи истиот процес го баравме многу години и тоа е важен процес за државата, бидејќи ја покажува фактичката демократска состојба во земјата како еден од главните столбови за економската статистика на секоја модерна држава – нагласува Хоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот