Хоџа: Го удвоивме бројот на мандати, во Собрание ќе имаме четири пратеници

На новинарско прашање во врска со тоа која партија од албанскиот блок ќе биде поприфатлива за коалициски партнер, Хоџа рече дека очекуваат да го видат финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесат длуки.

Успеавме да го удвоиме бројот на мандати на овие избори и во Собранието на Северна Македонија ќе имаме четири пратеници. Коалицијата „Можеме” ја направи разликата и ја обезбеди победата, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.

– Несомнено, мандатот на СДСМ и Движењето Беса ќе биде владин мандат во наредните четири години, а целата наша заложба ќе биде насочена кон продолжување на патот на интеграција на земјата во Европска унија и одржување на прозападната орентација на земјата потпирајќи се на нашите сојузници како САД и земјите членки на ЕУ – изјави Хоџа.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека завршиле еден предизвикувачки изборен процес и преземале ризик, како што наведе, „кој никој не се осмелил досега и докажавме дека ја направивме вистинската одлука со тоа што застанавме на вистинската страна”.

Прочитајте и...  Петмина загинати и двајца исчезнати во поплавите на грчкиот остров Евија

– Некогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна. Движењето Беса на овие избои ги има и бројките и победата и е токму таму каде што сакаат мнозинството граѓани – во опцијата што гарантира пат за инреграција во ЕУ, економски разој и градење на рамноправна држава за сите врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други етнички заедници – рече Хоџа.

На новинарско прашање во врска со тоа која партија од албанскиот блок ќе биде поприфатлива за коалициски партнер, Хоџа рече дека очекуваат да го видат финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесат длуки.

– Очекуваме да заврши броењето на гласовите. Во овој момент не сакаме да прејудицираме. Остануваме на тоа да го видиме финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесеме и одлуки – вели Хоџа.

Прочитајте и...  Маските за лице ја загадуваат животната средина

Во врска со тоа каде биле вчера Беса додека СДСМ славеше победа, генералниот секретар на партијата истакна дека тие ги собрале резултатите од шестата изборна единица и не успеале на стигнат од Тетово.

– Бевме поканети, но заради тоа што штабот ни беше во Тетово не успеавме да стигнеме. Но, сме во целосна комуникација и координирани за се. Без разика на се, ние може да славиме победничка коалиција. Тоа е најважното во целата приказна и наредната влада ќе биде предводена од оваа коалиција – рече Хоџа.

Прочитај повеќе

Во Унгарија 43 нови случаи на коронавирус, нема починати

Слободен печат

Бразил: Над 3 милиони заразени од коронавирус и повеќе од 100.000 починати

Слободен печат

Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

Слободен печат

Ковид-19 ги одложи иселеничките средби во Делчевско

МИА Агенција

Автолитии од Бијело Поље до Бар: Колони автомобили на протест ширум Црна Гора

Слободен печат

Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Две семејства се тепаа пред Градска болница, интервенираше и полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат

Директорката Сотирова Бухова во самоизолација поради контакт со заболен член од семејството

Слободен печат

Затворени гласачките места во Белорусија: Прелиминарните резултати ја покажуваат доминацијата на Лукашенко

Слободен печат

Повеќе од 5 милиони заразени од коронавирус во САД

Слободен печат

Кириакидес: Вакцината за коронавирус би можела да биде достапна до крајот на годината

Слободен печат

Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат