Хјустон посилен од „воините“ (ВИДЕО)

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Хјустон рокетс не се предава, и со победите на двата натпревари на домашен терен, измани на 2:2 во полуфиналната серија во Западната конференција. Хјустон во четвртиот натпревар славеше со 112:108, повторно благодарение на Џејмс Харден и неговите 38 поени и 10 скокови.

– Разговаравме по првите два натпревари дека тие го одбранија домашниот терен и сега е на нас да го сториме истото. Токму тоа и го направивме, бевме поагресивни, погодувавме шутеви кои претходно ги промашувавме и успеавме да ја вратиме неизвесноста во серијата – изјави Харден.

Во редовите на Голден стејт, кој преку шутевитe на Кевин Дурант и Стеф Кари во последните секудни имаше можност да го однесе натпреварот во продолжението, токму Дурент со 34 и Кари со 30 постигнати поени беа најефикасни.

Во Источната конференција, Милвоки бакс се наоѓа пред пласман во финалето откако со 13:101 го совлада Бостон и поведе со 3:1 во победи. Прво име во редовите на Милвоки, вообичаено беше Јанис Адетокумпо со 39 поени, од кои дури 17 даде во последната четвртина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот