Хитлер и сериски убиец на трибините во Австралија

EPA-EFE/DEAN LEWINS

Трибините на стадионите по рестартот на спортот во светот се празни за време на натпреварите, а екипите пронајдоа креативни начини како да ги пополнат.

Еден од најпопуларните начини е поставување на слики на навивачи од картони, тој проект го започнаа Германците и во Јужна Кореја, а се повеќе се прифаќа и во останатите делови од светот со што се зглемува можноста да се згреши.

Првиот кикс беше поставувањето на секс кукли на трибините на стадионот во Сеул, но во Австралија за време на рагби натпревар, организаторот направи далеку поголем скандал.

Помеѓу „гледачите“ на стадионот беше и озлогласениот британски сериски убиец, Харолд Шипман, кој го доби прекарот „Ангел на смртта“ поради убиството на 15 жени со смртоносна инјекција.


Австралиската рагби лига (НРЛ) ја покрена иницијативата „The Fan in the Stand“ со која навивачите за 22 долари можат да ја приложат својата фотографија и да одредат на кој натпревар таа ќе се појави на трибини, но ова беше злоупотребено од неименеименувано лице кои успеа да го „внесе“ Шимпан на трибините во Кемпбелтаун на натпреварот помеѓу Пантерс и Најтс.

Инцидентот можеше да помине и без голема бура во јавноста доколку не реагираше поранешниот рагбист, а сега коментатор и ТВ водител, Мети Џонс, кој во својата емисија на трибините во шега измонтира фотографија на Адолф Хитлер, со што предизвика бурни реакции во јавноста, посебно во еврејската заедница.

Поради својот потег, Џонс мораше да се извини.
– Делот во мојата емисија Фокс Лига во неделата во кој прикажавме слика на Хитлер помеѓу картонските навивачи беше невкусен и непристоен. Знам дека Фокс Спортс веќе се извини, а сега и јас сакам да се извинам. Погрешив и им се извинувам на гледачите и сите кои тој сегмент од емисијата ги навреди или повреди – изјави Џонс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот