ХИГИЕНСКИ ПРОИЗВОДИ ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕ: Жени, внимавајте кога ги носите!

влошки тампони
Фото Профимедиа

Три хигиенски производи кои ни се чинат како добро решение за месечниот циклус, всушност можат да бидат многу опасни, па дури и животозагрозувачки.

Можеби рекламите нè уверуваат во спротивното, но на вас, како одговорна жена, е да се информирате правилно пред да купите производ кој може сериозно да ви наштети.

Еве за кои производи се работи:

„Силк тач“ тампони

Овие тампони се популарни бидејќи лесно се ставаат и вадат, во споредба со целулозните. Но, таа површина воопшто не е свилена, туку тој слој е синтетички и многу впивачки. Статистички, случаите на токсичен шок се почести кога е ваков тампон во прашање, отколку со обичен. Поради впивливоста, може да добиеме лажна претпоставка дека имаме уште некој час додека да го смениме тампонот.

Памучни циклусни влошки

Популарни се поради удобноста која не ја нудат обичните санитарни влошки. Но, дали се работи за чист памук? Тешко веројатно, бидејќи главно површината на овие памучни влошки е третирана со избелувачи и хербициди.

Парфимирани влошки

Освен што создаваат непријатна миризба кога ќе се помешаат со менструалната крв и потта, може да предизвикаат и иритација. Ова особено е изразено кај поевтините производи, но имајте на ум дека тие мириси се всушност хемиски состојки кои во најголем број случаи ќе ја нарушат ПХ-вредноста на вагината и ќе ви создадат дополнителни проблеми, како иритација, црвенило и чешање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот