Херој маскиран како Бетмен дели храна на бездомници на улиците во Сантијаго (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Непознат човек маскиран како Бетмен им дели храна на бездомниците на улиците на Сантјаго и им дава утеха на оние на кои им е потребна по неколкумесечните рестриктивни мерки во главниот град на Чиле во текот на новиот коронавирус, пишуваат чилеанските весници.

Човек во сјаен костим на Бетмен, опремен со заштитна маска поради коронавирусот, редовно доставува десетици чинии со топли оброци за бездомниците во Сантјаго.

Тој рече дека сака да остане анонимен.

– Погледнете околу себе, ако можете да им посветите малку време, да им дадете малку храна, засолниште, понекогаш и охрабрувачки збор на оние на кои им е потребно, сторете го тоа – рече тој додавајќи дека целта на маскирањето е да се донесе радост и да се обединат луѓето.

Ограничувањата наметнати да се запре ширењето на коронавирусот ја уништија чилеанската економија и невработеноста се зголеми.

Симон Салвадор, еден од примателите на помош, вели дека потегот на непознатиот човек се цени и дека вистинските чувства се очигледни, со или без костимот на Бетмен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот