Херцог повика на смиреност по антивладините протести во Израел

Исак Херцог/ Фото EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Претседателот на Израел Исак Херцог апелираше до политичарите да ја ублажат својата реторика во време кога меѓусебно се обвинуваат и даваат остри изјави поради најавените планови на новата влада за промена на правосудниот систем.

Плановите ги зголемија тензиите меѓу владејачката коалиција и опозицијата во израелскиот парламент (Кнесет), вклучително и предупредувањата дека може да избие граѓанска војна и повиците за апсење на владините критичари.

Херцог, исто така, апелираше до министерот за правда Јарив Левин да ги олесни планираните промени и понуди да биде домаќин на дискусиите за нив.

Улогата на претседателот во политичкиот живот на Израел е претежно церемонијална, но е важна по изборите бидејќи тој му го дава мандатот за едукација на владата на кандидатот за кој смета дека има најголеми шанси да успее.

„Апелирам до вас, избрани функционери од двата краја на политичкиот и јавниот спектар – покажете воздржаност и одговорност. Ние немаме друга земја”, објави Херцог на Твитер.

Тој најави дека ќе ги заштити вредностите наведени во Декларацијата за независност на Израел, која ја нарече компас на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот