Хелиос е првиот предизвик за МЗТ Скопје на турнирот во АБА2 лигата

фото: АБА2 лига

Вториот македонски претставник Работнички, поради позитивни случаи на коронавирус нема да биде дел од вториот турнир во АБА2 лигата кој од денеска стартува во Бања Лука.

Екипата на МЗТ Скопје вечерва (21 часот) против Хелиос ќе ги започне натпреварите во Бања Лука од вториот турнир во АБА лигата на кој ќе се играат средбите од 5.,6. и седмото коло.

Тренерот на „металците“, Ѓорѓи Кочов за натпреварите ќе може да смета на речиси комплетниот тим, откако Андрија Бојиќ се опорави од коронавирусот, а единствено ќе недостасува Андреј Маслинко кој подолго време е повреден.

По натпреварот против Хелиос, „металците“ ги очекуваат уште два натпревари, в петок е дуелот со Слобода Ужице, а два дена подоцна, на 24. јануари (недела) ќе играат со Студентски центар.

На првиот турнир кој се играше на Златибор, МЗТ Скопје загуби во првото коло од Подгорица (72:74), по што оствари три победи по ред против Сутјеска (92:83), Широки (80:73) и Борац Бања Лука (99:75).

По првиот турнир кој беше одржан на Златибор, екипата на МЗТ Скопје Аеродром со скор од три победи и еден пораз, се наоѓа на второто место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот