Хашим Тачи на Трамп му го додели највисокиот државен орден и го поканува да го посети Косово

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Без ништо не останаа и Роберт О’Брајан и Ричард Гренел

Во знак на благодарност за неговиот придонес кон слободата на Косово, зајакнување на мирот и стабилноста во регионот, Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи му го додели највисокиот државен орден „Орден на слободата“ на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и го покани да го посети Косово во блиска иднина.

„Шефот на државата, во писмото до претседателот Трамп, изјави дека договорот за економска нормализација меѓу Косово и Србија нема да биде можен без неговото силно раководство и тоа на Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението објавено од Кабинетот на претседателот

Ова е целосното писмо на претседателот Тачи до американскиот претседател Доналд Трамп:

„Почитуван г-дин. Претседател,

Би сакал да изразам голема благодарност за вашиот личен придонес во постигнувањето договор за економска нормализација меѓу Косово и Србија. Овој договор е напредок од извонредна важност за ставање крај на вековниот конфликт меѓу нашите народи. По неколку децении блокада и стагнација во преговорите, благодарение на вашето храбро водство, го постигнавме овој историски договор.

Народот на Косово останува вечено благодарен на Соединетите Американски Држави – нашиот спасител кој застана покрај нас во нашите најмрачни денови и го прави тоа и денес.

Дозволете ми да ве уверам дека Косово останува посветено на траен мир и долгорочен просперитет на Западен Балкан. Работевме напорно низ годините и подготвени сме да придонесеме за светскиот мир и безбедност. Ние исто така сме непоколебливи во нашата посветеност да постигнеме договор што ќе ги реши сите отворени прашања и ќе донесе меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија.

Појасно е од кога и да е дека тоа може да се постигне само под силното раководство на Соединетите држави. Вашата улога во овој процес е од витално значење. Косово е навистина благословено што ужива во вашата непоколеблива поддршка во исполнувањето на своите аспирации.

Господине претседател, имам привилегија, како претседател на Република Косово, во знак на благодарност за вашиот личен придонес кон слободата на Косово, во постигнувањето мир, помирување и економски просперитет, да го споделам Орденот на слободата.

Договорот потпишан во Белата куќа не би бил можен без енергија, јасна намера и директна, непоколеблива и лојална посветеност на вашиот советник за национална безбедност, г. Роберт О’Брајан и вашиот специјален пратеник, амбасадорот г. Ричард Гренел. Во знак на благодарност за нивните напори, му го доделив и Претседателскиот медал за заслуги на г. О’Брајан и г. Гренел, за нивните посебни заслуги во постигнувањето на историскиот договор меѓу Косово и Србија, потпишан во Вашингтон.

Во име на народот на Косово, имам задоволство да ве поканам да го посетите Косово и да бидете убедени во напредокот што го овозможивте. Би била голема чест да ве поздравам и да ве запознаам со најпроамериканските луѓе во светот.

Искрено,

Хашим Тачи“

Пред само неколку дена Американскиот специјален пратеник Ричард Гренел изјави дека претседателот Доналд Трамп набргу ќе ги посети Србија, Косово и регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот