Харадинај: Се надевам Бајден и Меркел ќе се согласат за забрзување на договор меѓу Косово и Србија

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај ја поздрави најавената средба на претседателот на САД Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, изразувајќи надеж дека тие ќе дадат поттик за наоѓање решение за отворените прашања на Балканот и за споровите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на социјалните мрежи Инстаграм и Твитер, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово изрази надеж дека светските лидери ќе го забрзаат „постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање”.

– Средбата меѓу Бајден и Меркел е добредојдена и потребна за адресирањето на сите отворени прашања на Балканот. Останувам убеден дека лидерите на слободниот свет ќе се согласат за забрзување на постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање. Нашите надежи остануваат кај Вашингтон, напиша Харадинај.

Меркел ќе се сретне денеска со Бајден во Белата куќа, што претставува нејзина веројатно последна посета на Вашингтон како челник на германската држава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот