Харадинај: По американските санкции за Вулин, Курти стравува дека тој е следен

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Претседателот на АБК Рамуш Харадинај изјави дека премиерот Албин Курти, откако САД воведоа санкции за шефот на БИА, Александар Вулин, се плашел дека тој е следен, пренесува Теве1.

„Верувам дека по воведувањето на санкциите за Вулин, Курти се плашеше дека тој ќе биде следен. Да не беше тоа, Курти сепак ќе изведуваше акробации на северот, предизвикувајќи проблеми и инциденти“, рече Харадинај.

Тој додаде дека Курти знае дека ќе биде санкциониран доколку продолжи со ваквото однесување.

„Курти знае дека ќе биде строго казнет ако продолжи со своето дестабилизирачко, непотребно однесување. Англискиот амбасадор, кој е голем пријател на Косово, рече дека не ја разбира намената на специјалните единици во општинските згради. Нема да дозволат вакво однесување“, додаде Харадинај.

Зборувајќи за дијалогот меѓу Косово и Србија, тој рече дека отсега меѓународната заедница и САД без многу толеранција ќе укажуваат на обврските преземени со договорот.

„Не верувам дека ќе има повеќе средби. Верувам дека ќе дојдат сериозни фактори, вклучително и Американците, и дека без многу толеранција ќе поставуваат задачи за Косово и Србија“, рече Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот