Хаос во Мексико по апсењето на синот на Ел Чапо, бандите бесни, убиени тројца полицајци

Фото: Sedena/Mexico

Тројца припадници на безбедносните сили се убиени во мексиканската држава Синалоа, по апсењето на синот на надалеку познатиот нарко бос Ел Чапо.

Овидио Гузман-Лопез, кој рече дека е наследник на позицијата лидер на картелот на неговиот татко, е уапсен во градот Кулијакан и префрлен во Мексико Сити, пренесе „Би-Би-Си“.

Разбеснетите членови на бандата поставија улични блокади, запалија возила и го нападнаа локалниот аеродром, при што беа уништени два авиони, еден непосредно пред полетувањето.

Откажани се повеќе од 100 летови на три аеродроми во Синалоа.

Гувернерот на државата вчера изјави дека во болницата се примени 18 лица.

Гузман-Лопез, познат по прекарот Миш, е обвинет дека водел фракција на озлогласениот нарко картел Синалоа, рече секретарот за одбрана Луис Креченисио Сандовал.

Неговиот татко, Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, отслужува доживотна казна затвор во САД откако беше прогласен за виновен во 2019 година за трговија со дрога и перење пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот