ВИДЕО | Мексико: Уапсен синот на наркобосот Ел Чапо

Фото: Sedena/Mexico

Синот на затворениот наркобос Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо, Овидио Гузман, бил уапсен денеска од мексиканските власти, јавува „Си-ен-ен“.

Апсењето доаѓа по судирите во милионскиот град Кулијакан во северната држава Синалоа, каде оперира истоимениот нарко-картел – една од најмоќните светски организации за шверц на дрога.

Мексиканските медиуми објавија дека во знак на револт поради апсењето, припадници на картелот Синалоа пукале врз комерцијален авион на аеродромот во Кулијакан. Во инцидентот нема повредени.

Гузман помладиот, кој стана клучна фигура во картелот Синалоа по апсењето на неговиот татко, беше накратко приведен во октомври 2019 година од безбедносните сили. Набргу потоа, сепак, тој беше ослободен за да избегне крвава одмазда од неговиот наркокартел, што беше срамен неуспех за мексиканските власти.

Утринава, безбедносните сили се обидуваа да ја спречат реакцијата на семејството Гузман за време на апсењето, изјави еден од официјалните претставници.

Локалните власти ги повикаа луѓето да останат дома и рекоа дека училиштата и институциите се затворени поради судирите. Градскиот аеродром исто така останува затворен.

„Ги замолуваме граѓаните на Кулијакан да не ги напуштаат своите домови поради блокадите во различни делови на градот“, напиша на Твитер градоначалникот, Хуан де Диос Гамез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот