Хаос во Италија: Јувентус ја одби титулата

твитер

Во Италија нема некакви знаци дека состојбата ќе се смири и поради тоа никој не знае кога ќе продолжи Серија А, а многу екипи се согласи да заврши сезоната.

Карантинот во Италија се уште не дава резултати поради што докторите тврдат дека забраната за движење ќе биде на сила уште неколку недели по што ќе следи постепено опоравување на државата и тоа не би било завршено пред лето.

Таквата ситуација го става фудбалот во дилема, доколку не продолжат натпреварите од Серија А до јуни, тогаш се поизвесно е дека првенството ќе биде завршено, односно прекинато.

Една од опциите која ја разгледуваат во Фудбалската федерација на Италија и Серија А заедно со клубовите е првенството да заврши и да се смета моменталниот пласман на табелата. Тоа значи дека титулата ќе му припадне на Јувентус, а Лацио, Интер и Аталанта би играле во Лигата на шампионите.

Таа одлука би предизвикала многу контроверзи, а има најави дека доколку се донесе таква одлука, работата ќе заврши на суд. Интересно е што од Јувентус порачаа дека нема да ја прифатата титулата, тие сметаат дека таа не треба да се додели никому со што ќе поништат адутот на Лацио.

Лацијалите, поточно претседателот Клаудио Лотито тврди дека Јувентус и Интер го минираат првенството бидејќи ги пуштија странските фудбалери да се вратат во своите земји и сакаат да го попречат Лацио да ја освои титулата.

Лотито тврди дека Јувентус кој има само еден бод повеќе од неговиот Лацио, поради обврските во Лигата на шампионите не би успеал да го задржи првото место на табелата.

Предлогот на Јувентус е прифатлов за мнозинството екипи од Серија А, додека на страна на Лотито и Лацио се само уште Наполи, Каљари и Фросиноне кој се надева дека ќе успее да остане во Серија А, а Спал и Бреша би ипаднале. Од друга страна Спал и Бреша се да заврши пренството сега, а Лигата за следната сезона да се прошири на 22 екипи и тие да останат во неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот