Хантер Бајден куртули од обвиненијата за затајување данок

Хантер Бајден / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Хантер Бајден, син на американскиот претседател Џо Бајден, вчера пред федералниот суд во Лос Анџелес се изјасни за невин по обвиненијата за затајување данок што произлегуваат од неговите деловни зделки, што поттикна истрага за импичмент на неговиот татко.

Судијата закажа судење за 20 јуни, а доколку биде прогласен за виновен, Хантер се соочува со затворска казна до 17 години.

Бајден помладиот не им се обрати на новинарските екипи и демонстрантите кои чекаа пред судот по сослушувањето. Неговиот адвокат, Абе Лоуел, рече дека неговиот клиент ги вратил даноците и го гонат поради познатото презиме.

Хантер Бајден (53) е обвинет дека не платил најмалку 1,4 милиони долари федерални даноци од 2016 до 2019 година, додека потрошил милиони долари на екстравагантен начин на живот, вклучувајќи дрога, ескорт дами и луксузни автомобили.

Апострофирана е неговата „добра заработувачка“ како член на одборите на директори на украинскиот индустриски конгломерат и кинескиот приватен капитал. Но, како што му се зголемувале приходите, така се зголемувале и трошоците, па само во 2018 година, според обвинението, потрошил повеќе од 1,8 милиони долари, но ништо за плаќање данок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот