Хана, Ана и Луна се имиња за трите женски лавчиња во ЗОО Скопје

Фото: ЗОО Скопје

Хана, Ана и Луна се избраните имиња за трите женски лавчиња кои пред четири месеци се родија во ЗОО Скопје.

Откако лавчињата малку потпораснаа и беа пуштени и во надворешното живеалиште, надлежните одлучија „кумови“ да им бидат граѓаните. Сите заинтересирани можеа да предложат имиња напишани на ливче и да ги остават во кутиите кои беа оставени пред влезот на Зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје.

Откако вработените во градината ги разгледале сите предложени имиња, било одлучено лавчињата да ги добијат овие имиња.

„Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години“, велат од Зоолошката градина во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот