Хан: Време е за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан

фото:ЕPA EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан денеска на „Твитер” напиша дека е време да се финализира историскиот проект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан.

-Оваа визија се оствари и време е да гледаме напред и да го финализираме историскиот проект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан. Сигурен сум дека со заеднички напори тоа ќе биде успешна приказна за двете страни. Заедно сме посилни, напиша Хан на „Твитер” по повод одбележувањето на 15-годишнината од приемот во ЕУ на 10 земји од средна и источна Европа.

Според него, тоа е амбициозен проект заснован на заеднички напори и визија да се обезбедат мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани во Европската Унија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот