Хамилтон ја прифати казната за инцидентот

Судир помеѓу Хамилтон и Албон/фото:твитер

Стартот на сезоната во Формула 1 освен победата на Валтери Ботас ја одбележа и инцидентот помеѓу Луис Хамилтон и Александер Албон.

Во завршницата од трката, двајцата возачи се бореа за второто место, Албон го нападна Хамилтон но дојде до контакт по што возачот на Ред Бул излета од патеката.

Стјуардите на трката одлучија да го казнат Хамилтон со додавање на пет секунди на конечното време со што Британецот на крајот наместо втор заврши како четвртопласиран на трката во Австрија.

– Ова не беше добар викенд за мене. Направив грешки во саботата, денеска сум казнет и тоа е што е. Направив се што можев, тоа беше несреќен сплет на околноти и ја прифаќам секоја казна – изјави Хамилтон.

Возачот на Ред Бул, Александер Албон не сакаше да го коментира инцидентот по кој остана без пласман на подиумот.
– Се уште се ми е свежо и морам да бидам внимателен со зборовите. Мислам дека можевме да победиме, имав самодоверба, но… Секогаш постои ризик кога претекнувате, но оставив простор и негова одлука беше да реагира. Морам да се „оладам“ па потоа ќе зборуваме – рече Албон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот