Хамас вечерва ослободи две жени од Израел кои ги држеше како заложници

Семејства на заложниците земени од Хамас / Фото EPA-EFE/DEAN LEWINS

Две повозрасни жени од Израел се новите ослободени заложници, кои досега ги држеше милитантната група Хамас, објави Ројтерс. Ова доаѓа по вложените напори за медијација на Катар и Египет.  Абу Убаида, портпарол на вооруженото крило на Хамас, на Телеграм изјавил дека го осигурал ослободувањето на заложниците и покрај ,,тоа што непријателот одбиваше да ги прифати од минатиот петок како и негрижата на непријателот за нашите затвореници”.

Одлучивме да ги ослободиме од хуманитарни причини и поради нивното лошо здравје. И покрај тоа, непријателот не прифати да ги земе минатиот петок, се вели во соопштението.

Вооруженото крило на Хамас минатиот петок ослободи две Американки, две недели откако вооружени сили на Хамас ги киднапираа заедно со други лица во Газа на 7 октомври. Тогаш Хамас уби 1400 луѓе и зема околу 200 во заложништво.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Катар во петокот рече дека ослободувањето на двете жени со американско државјанство од Газа, дошло после повеќедневна континуирана комуникација со сите страни.

Вечерва Гардијан објави дека на повидок е ослободување на вкупно 50 заложници од страна на Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот