На повидок ослободување на 50 заложници кои ги држеше Хамас, објави Гардијан

Заложници од Израел земени од Хамас / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

На повидок е ослободување на околу 50 заложници кои ги држи Хамас, објави Гардијан повикувајќи се на каналот во Тел Авив  I24.

Според овој телевизиски канал „извори во Газа“ велат дека „финилизирањето на потенцијалниот договор“ со посредство на Катар е во тек за ослободување на околу 50 киднапирани лица кои имаат двојно државјанство.

Се верува дека службениците на Црвениот крст на пат да ја примат групата, а ослободувањето може да биде спроведено „во следните часови“ доколку нема пречки, пренесе Гардијан повикувајќи се на израелскиот медиум.

Се верува дека прекинот на израелските воздушни напади врз Газа беше дел од договорот за да им се овозможи на тимовите на Црвениот крст безбедно да стигнат до заложниците.

Претходно денеска, израелските одбранбени сили го зголемија бројот на заложници за кои рекоа дека ги држи Хамас на 222. Во петокот Хамас ослободи двајца американски државјани, Натали Раанан (19) и нејзината мајка Џудит (59) на „хуманитарна основа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот