Хамас ја поздрави резолуцијата на ОН, Нетанјаху лут – ја откажа посетата на Вашингтон

epa11242942 UN Security Council passes resolution on Gaza ceasefire

Хамас ја поздрави резолуцијата на ОН со која се повикува на прекин на огнот во Појасот Газа. Советот за безбедност оцени и дека со ова е потврдена подготвеноста за итна размена на заробеници од двете страни.

Израелските медиуми јавуваат дека Хамас се заблагодариле за ваквата одлука но исто така повикале и на „траен прекин на огнот што ќе доведе до повлекување на сите ционистички сили од Појасот Газа и враќање на раселените во домовите што ги напуштиле“.

Палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур изјави дека усвоената резолуција мора да биде пресвртница за ставање крај на агонијата на жителите на Појасот Газа.

„Го поздравуваме вашето единство во повикувањето на итен прекин на огнот. Тоа мора да биде пресвртница. Мора да спаси животи. Мора да сигнализира крај на овој криминален напад врз нашиот народ“, рече палестинскиот амбасадор, Ријад Мансур.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху пак ја откажа посетата на израелската делегација на Белата куќа, а како причина се наведува тоа што САД се откажале од заканата за вето на гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

Нетанјаху претходно се закани дека ќе ја откаже посетата на Вашингтон што беше закажана за почетокот на оваа недела, што и го направи откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа. САД беа воздржани.

За време на посетата на израелската делегација на САД требаше да се разговара за планираната израелска офанзива на Рафах.

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се наведува дека САД со оваа одлука им штетат на воените напори и на обидите за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа.

Во соопштението се оквалификува одлуката како „јасно отстапување од конзистентната позиција на САД во Советот за безбедност од почетокот на војната“ и оти таа „му дава надеж на Хамас дека меѓународниот притисок ќе им овозможи да добијат прекин на огнот без ослободување на заложниците“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот