Хакерите кои го срушија агрегатот Тајм.мк тврдат дека не ја нападнале и страницата на ДИК, најавуваат поголеми напади следните недели

Интервју со хакерите кои во изборната вечер ја нападнаа страницата на агрегаторот „Тајм.мк“ објави it.mk, во кое тие објаснуваат дека не направиле никаков ДДос напад и дека не се одговорни за нападот на страницата на Државната изборна комисија.

Инаку, двата сајта тврдат дека биле цел на сериозен ДДос напад (напад во кој се преоптоваруваат ресурсите на серверот и го оневозможуваат нормалното функционирање) со барања извршени од милионски број на IP адреси ширум светот.

– Ние стоиме позади дефејсингот и леак на код. Во ниеден момент немавме пуштено никаков ДДос напад, 500мб/с напад е смешен напад за наш калибар, нашите капацитети се 10гбит/с пута 50 сервери, во некои ситуации и 100 сервери – велат хакерите во одговор на прашањето дали тие стојат зад ДДос нападот на Тајм.мк и дефејсингот што беше поставен на сајтот на денот на изборите.

Тие откриваат дека имале пристап во Тајм.мк речиси 6 месеци.

– Како што напоменавме, ние во ниту еден момент не удривме ДДос на Тајм, доколку удревме, немаше нити да се крене, ниту cloudflare да издржи – посочуваатт хакерите.

Тие најавуваат и десетици други, многу поголеми напади во следните недели, за, како што велат, да се промени нешто во државата, затоа што со добро, ништо не се сменило.

– Загрижени сме (за кривична одгоровност за нападот), но мора некој да изреагира на ваков начин во оваа држава, очигледно со добро ништо не се постигна во последните 20 години. Секако нема да бидат 2-3 напади, се спремаме за преку 30-40 напади во рок од неколку недели. И да, ниту еден напад нема да биде ДДос – додаваат хакерите во интервјуто за it.mk.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот